Продолжена забраната за одобрување на зелени карти во САД

141

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи забраната за одобрување на зелени карти и работни визи за странските работници до крајот на годината.

Оваа одлука се однесува на висококвалификувани работници од технолошкиот сектор, сезонски работници од неземјоделските области, менаџери и други вработени во мултинационални компании и универзитетски студенти.

Белата куќа соопшти дека ова има за цел да создаде работни места за Американците кои се погодени економски од кризата со коронавирусот, додека критичарите сметаат дека на овој начин се зацврстуваат имиграциските закони.

Според претпоставките на администрацијата, со ова ќе се ослободат 525.000 работни места за Американците.

Фото: Pixabay