Во последните 24 часа, според веб-страницата Coindesk, цената на биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, опадна за 5,24% и во моментов изнесува 31.520 долари. Пазарната капитализација на биткоинот во моментов е 612 милијарди долари.
Eтереум, втората најпозната криптовалута, во моментов вреди 1.873 долари на пазарот, што значи дека забележа пад од 6,31%. Eтереум има пазарна капитализација од 225 милиони долари. Остатокот од пазарот на криптовалути забележа значително поостри падови на вредноста. Така, Рипл падна за 10,81%, Кардано за 9,02%, Стелар 8,49 %, Догкоин за дури 20,3%, итн.
Фото: Pixabay











