Профитот на кинеските индустријалци скокна за 179% за два месеци

47

Профитот на водечките кинески индустриски капацитети во периодот јануари – февруари оваа година се зголеми за 179%, бидејќи земјата се врати во нормала по негативните последици од пандемијата.

Според официјалните податоци, профитот на водечките индустриски компании порасна за 179% на 170 милијарди долари во текот на првите два месеци од оваа година, во споредба со истиот период лани.

Како водечки индустриски компании во земјата се вбројуваат оние коишто имаат годишен промет од најмалку 2,5 милиони евра годишно.

Фото: Pexels