Профитот на Vodafone падна за 90%

16

vodafoneБританскиот гигант од областа на мобилна телефонија Vodafone соопшти дека годишниот нето профит паднал за 90% поради големите трошоци во презадолжените земји како што се Италија и Шпанија.

Добивката пред оданочувањето потона на 673 милиони фунти (796 милиони евра) на крајот на финансиската година во март, во споредба со седум милијарди фунти (8,3 милијарди евра) во 2011-2012 година, наведува компанијата.

Vodafone соопшти дека во текот на минатата година, во овие земји имале загуба од 7,7 милијарди фунти (9,1 милијарди евра).

“Се соочувавме со потешкотии поради комбинацијата на долготрајни тешки економски услови, особено во јужна Европа и прописите кои не ни одговараат”, изјави директорот на Vodafone, Виторио Колао.

Компанијата во следната деловна година очекува профит од 14 до 15 милијарди евра.