Прогласени најдобрите менаџери во Србија

22

NISСрпската асоцијација на менаџери (САМ) вчера додели годишни награди за најдобрите во осум категории. Првата награда во категорија најдобар Регионален проект во 2013 година ја доби Нафтена индустрија Србија (НИС) за најдобар проект на бензински пумпи во регионот. Втората и третата награда од оваа категорија ги добија компаниите Нектар и Меккен Ериксон.

Наградата за најдобар менаџер во 2013 година ја доби претседателот на МК група, Миодраг Костиќ, додека втората награда ја доби Бојан Радун од Нектар, а третата директорот на Орион Телеком, Слободан Ѓиновиќ.

Најдобар работодавач е компанијата Leo Burnett, а втората и третата награда ги добија VIP Mobile и Меркатор – С.

Во категоријата најдобар млад менаџер до 35 години наградата ја доби директорот на Microsoft за Балкан, Борко Ковачевиќ. Факултетот за организациски науки од Белград е прогласен за Најдобра институција за едукација и професионално усовршување на менаџери. Најдобар работодавач во мали компании е компанијата Нина медиа, а наградата за најголем придонес за развој и промоција на лидерството меѓу младите во САМ ја доби др. Исак Адижес.