Прогласени најдобрите стартапи на Zagreb Connect на EBAN Winter University 2016

18

11

Со изборот на најдобрите стартапи на Zagreb Connect, заврши дводневната конференција на бизнис ангели во Европа, EBAN Winter University 2016, што на 29 и 30 ноември се одржуваше во Загреб.

Прво место и награда од 20.000 евра освои словенечкиот старт-ап 45HC.com, дигитална компанија за прекуокеански пренос на товар со ефикасна логистичка мрежа. Второто место и награда од 10.000 евра освои британскиот старт-ап Gowaft, кој се занимава со иновативни начини на пренесување тешки предмети по градот. Трето место и награда од 7.000 евра доби хрватскиот старт-ап Nanodiy, кој овозможува печатење на фотографии на ткаенина.

Град Загреб додели посебна награда во вредност од 5.000 евра на хрватската онлајн платформа за пребарување, споредување и резервирање автобуски билети, Vollo. Овој старт-ап воедно освои и пат во Тел Авив, каде ќе се запознае со израелската старт-ап заедница.

TinnitusOFF, старт-ап којшто со музика сака да го реши проблемот со зуење во ушите, освои Microsoft Azure пакет во вредност од 25.000 долари.

Фото: Zagreb Connect