Прогласени најдобрите трговски објекти за 2018 година

67

Градот Скопје и агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи и годинава ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот Месец на трговијата. Плакетите на најдобрите, ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

“Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2018 година. Неговата цел е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје“, рече Тодоров.

За најдобри трговски објекти за 2018 година се избрани следните:

Категорија Апарати за домаќинство, бела техника и сè за дома:

1. Горење 2. Нептун 3. Елипсо

Категорија Модни додатоци и накит:

1. Божиновски 2. Сигма 3. АБ бижутерија

Категорија Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема:

1. Дел стор 2. Ај Стаил 3. Duna iStore

Категорија Парфимерии и козметика

1. Ри – Ма 2. Анабела 3. Логона

Категорија Салони за мебел

1. Стиллес 2. Акрон 3. Кристина Дамил

Категорија Супермаркети

1. Рамстор 2. Гранап 3. Веро

Категорија Бутици

1. Тудорс 2. Ламас 3. Бонати Фиоре

Категорија Домаќинство

1. Технополис 2. Лусо 3. Jysk