Прогласување на најдобрите бизнис планови за 2013 година

47

Министерството за економија денес ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис-планови во рамки на проектот Организирање натпревар за започнување бизнис.

Овој проект имаше за цел да го поттикне претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизнис.

Прогласувањето на победниците ќе се одржи во хотелот Алексанадар Палас, а на настанот ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сараќини, кој ќе ги додели ваучерите за најдобрите четири бизнис-планови за 2013 година.

На настанот ќе присуствуваат и ректорите на УКИМ, Велимир Стојковски и на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.