Прогласување на најдобрите пет бизнис планови на млади претприемачи

28

Манифестацијата за прогласување на најдобрите пет бизнис планови се одржува денеска во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за економија во рамки на проектот Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис.

Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.

На манифестацијата, како што е најавено, свое обраќање ќе има министерот за економија Беким Незири, кој ќе ги додели и ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2014 година.