Прогласувањето на пандемија дополнително ги “здрма“ берзите

112

Американскиот долар ослабна на светските берзи, а берзите влегоа во период на голема неизвесност поради зголемената загриженост за светската економија откако Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Вредноста на ризичните трансакции на њујоршката берза опаѓаше во текот на вчерашниот ден правејќи дополнителна штета на веќе загрозените финансиски пазари  по вестите за зголемениот број на заболени од корона вирусот во Европа и САД.

СЗО прогласи пандемија во моментот кога Велика Бритнија и Италија соопштија дека ќе издвојат повеќе десетици милијарди долари за борба против Ковид – 19.

Во светот се евидентирани 121.500 луѓе заболени од корона вирус, а досега има починато над 4.000 луѓе, пренесува Reuters.

Фото: Facebook