Прогноза: Кошмарите во глобалните синџири на снабдување ќе станат уште понеподносливи

77

Недостаток на компјутерски чипови. Невиден метеж во пристаништата, сериозен недостаток на возачи на камиони. Општо земено, ова ја опишува ситуацијата со глобалните синџири на снабдување, пишува Си -Ен -Ен.

Тешкотиите во снабдувањето ги зголемуваат цените за потрошувачите, а заздравувањето на глобалната економија забавува. Сепак, се чини дека ситуацијата не го допре дното. Според Moody’s Analytics, прекините во синџирот на снабдување “ќе се влошат“.

“Заздравувањето на глобалната економија сè уште зема замав. Тешкотиите во нарушувањата во синџирот на снабдување стануваат се поочигледни”, се вели во извештајот на Moody’s.

Според анализата, најсериозни пречки за тешките синџири на снабдување се граничните контроли, ограничувањата во сообраќајот, недостатокот на глобален сертификат за Ковид и намалена побарувачка.

“Ова создава совршена бура во која глобалното производство ќе биде попречено. Испораките нема да бидат навреме, трошоците и цените ќе растат. Растот на глобалниот БДП нема да биде голем“, пишува Moody’s во извештајот.

Најслабата алка може да биде недостатокот на возачи на камиони – проблем што предизвика метеж во пристаништата и недостаток на гориво на бензинските пумпи во Велика Британија, предупредува Moody’s.

Потребно е усогласување на правилата и прописите преку кои транспортните работници се движат до пристаништата и во меѓународните светски центри. Сепак, ова е тешка задача, бидејќи начинот на кој земјите се борат со Ковид е различен.

Кина се обидува да ги намали случаите на нула, додека САД се “склони да живеат со Ковид-19. Ова е сериозен предизвик за воведување основни глобални правила, пишува агенцијата.

Сепак, другите експерти се многу пооптимистични во врска со изгледите на синџирот на снабдување. Според извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Димон, проблемите брзо ќе се намалат.