Програмата Билкарство на Алкалоид со обновен ХАЛАЛ сертификат

22

alkaloid

Програмата Билкарство на Алкалоид, во чии рамки спаѓаат чаевите Good Nature, Зачинал и Грини – сушените зеленчуци, добија уште една потврда за високото ниво на безбедност и квалитет што успешно го одржуваат со години.

“Обновениот ХАЛАЛ сертификат е уште една дополнителна гаранција за високите стандарди кога е во прашање сигурноста во прехранбената индустрија. ХАЛАЛ го потврдува квалитетот на производот во насока на тоа дека истиот е здрав и не содржи: штетни бои, ароми, адитиви, канцерогени елементи и емулгатори кои се забранети со исламските прописи“, велат од компанијата.

Палетата производи Билкарство на Алкалоид АД Скопје, првпат се здоби со ХАЛАЛ сертификатот во 2012-та година, чин што за компанијата претставуваше уште една потврда и доказ за беспрекорниот квалитет и безбедноста на производите, како и за грижата за унапредување на здравјето во заедницата.