Програмери и продавачи ќе бидат најбарани кадри во Бугарија

25

bg

Софтверски инженер со маркетинг вештини, кој зборува англиски и француски јазик. Овој тип на специјалист ќе биде најголем хит на пазарот на труд во Бугарија следната година, прогнозираат експертите за весникот Труд.

Според нив и понатаму најдефицитарен кадар ќе бидат ИТ професионалци, оператори во call центри и продавачите. И во 2015 година побарувачката ќе зависи од проширувањето на аутсорсингот на различни активности од меѓународни компании – претежно финансии, услуги на клиентите, административна работа и човечки ресурси. Очекувањата се дека во 2015 година ќе се отворат работни места и во производството, бидејќи се планирани инвестиции на меѓународни компании од автомобилскиот сектор и електрониката.

Во наредните години ќе има побарувачка и за лекари, медициснки сестри и болничари, а ќе се зголеми побарувачката за наставници и професори, затоа што поголем број ќе се пензионираат во следните 4-5 години, а меѓу младите нема интерес за овие професии.

Меѓу најдефицитните работници се и возачите.