Програмерите се новите банкари: Во следните 5 години ќе исчезнат 100.000 работни места

37

Ерата на банкарите кои доминираат во банкарството заврши, а “виновник“ за тоа е подемот на софтвер девелопери, односно експерти за развој на софтвер.

Според Блумберг, ова е позицијата на аналитичарите предводени од Мајк Мајо, кои процениле дека технолошките подобрувања и автоматизацијата што ги донесуваат овие програмери – ќе и овозможат на индустријата да избрише 100.000 работни места во следните пет години.

Нешто слично е поврзано со роботите. Но, според некои експерти, тоа не е нужно лошо, и постојат оправдани причини зошто треба да ги “славиме“ машините што “убиваат работни места“.

Мајо проценува дека поради нивото на раст на програмерите, ќе има масовно намалување на бројот на банкарски персонал во американската историја. Банките трошат повеќе за технологија отколку која било друга индустрија, а само минатата година мораа да издвојат дури 200 милијарди долари за информатичка технологија.

Многу отпуштања ќе влијаат на пониско платените позиции, како што обично се случува и кога станува збор за други сфери. Индустријата за финансиски услуги – која управува со некои од најголемите светски телефонски центри – најверојатно “агресивно“ ќе го намали бројот на вработени на тие места, велат аналитичарите.

Работната сила на филијалите може да падне за 20% во следните неколку години и може да претставува дури една третина од вкупното намалување на банките.