Произведен е тест што го разликува Ковид -19 од обичен грип

24

Британско-француската компанија за клиничка дијагностика Novacyt започна производство на тест што го разликува коронавирусот од обичниот грип.

Тестот наречен винтерплекс (Winterplex) препознава два гена специфични за Ковид-19, како и гени што детектираат грип од типот А и Б и респираторниот вирус ПЦБ.

Директорот на Novacyt, Грејм Малис, изјави дека ова веројатно е првиот одобрен тест што го разликува Ковид-19 од вообичаените респираторни заболувања.

Новиот тест е еден од многуте производи од ПЦР-тип што се веќе на пазарот. ПЦР е главниот метод на тестирање во многу земји. Тој ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до точката кога научниците можат да го детектираат вирусот.

Фото: Freepik