
Фото: RMIT University
Австралиски тим на научници ја произведоа првата батерија без литиум што може сама да се полни. Батеријата наместо литиум, користи јаглерод и вода, пренесува The Guardian.
Истражувачите сметаат дека ова е клучен чекор за поевтино и поефикасно користење на енергијата. Според нив, со оглед на технолошкиот развој во светот и придвижувањето кон обновливите извори, луѓето се повеќе ќе имаат потреба од технологија што ќе се потпира на евтини, но еколошки материјали.
Самата батерија не произведува емисии на јаглерод диоксид, а се очекува да биде достапна за продажба во рок од пет до десет години.