Произведена ткаенина која ги впива стакленичките гасови

97

Шведски H&M и институт од Хонгконг одлучија да ги поместат границите на одржливата мода и развија нова техника со чија помош памучните ткаенини ќе фаќаат стакленички гасови од воздухот.

Текстилната индустрија има голем карбонски отпечаток на средината, поради што многу модни гиганти се под голем притисок да го решат тој проблем. Истражувачкиот Институт за текстил и облека од Хонгконг (HKRITA) создаде раствор со кој се третираат памукот, влакната, предивото или ткаенините и потоа делува на нив така што тие го повлекуваат јаглерод диоксидот од воздухот, го задржуваат во себе и потоа го стабилизираат и го складираат на површината на тесктилот.

Извршниот директор на HKRITA, Едвин Кех, изјави дека неговиот тим бил инспириран од техниките за ограничување на емисијата кои се користат во оџаците на термоелектраните на јаглен. Многу електрани мора да го прочистуваат јаглерод диоксидот од чадот пред да го испуштат надвор, па истражувачите си помислиле да се обидат да го реплицираат тој хемиски процес на памучни влакна.

Кех вели дека една памучна маица може да апсорбира дневно отприлика 1/3 од она што може да го апсорбира едно дрво.