Производите на Гeмак од сега достапни и онлајн

75

Во постојан чекор со пазарните трендови, прилагодувајќи се на потребите на потрошувачите, Гемак посветено работи на унапредување на својата широко распространета дистрибутивна мрежа, но и на современи решенија со цел што поголема достапност на своите производи.

Токму во овој контекст, во изминатиот период Гемак интензивно работеше на развој на својата онлајн продавница која на потрошувачите значително им го олеснува пазарувањето на овој вид на производи.

Во онлајн продавницата на Гемак можат да се купат сите добро познати и светски брендови на алкохолни пијалаци, пред сè најпознатото шкотско виски, но и богата колекција на сингл малтови, потоа газирани пијалаци, кафе, вода, чај, како и производи за домаќинство.

“Успехот на една компанија се темели на нејзината способност постојано да ги следи и да се прилагодува кон промените на пазарот, потребите и навиките на потрошувачите. Гледано од тој аспект, нашата компанија секогаш била во чекор со времето.
Пуштањето на нашата онлајн платформа, сосема случајно кореспондира со сè поголемата потреба од истото во услови кога целиот свет е соочен со една нова состојба. Но нам ни е дотолку повеќе драго, што со овој проект ние одговараме на предизвикот и ги правиме нашите производи достапни секогаш и во секое времe“, соопштија од Гемак.