Производите на Виталиа се продаваат и во Бангладеш

76

Производите за здрава храна на Виталиа го освојуваат и азискиот континент. Последна дестинација каде се пласираат овие македонски производи е Бангладеш. Голем дел од производното портфолио на оваа наша македонска компанија, можат да се најдат на полиците во модерните супермаркети во оваа земја, каде завршуваат само внимателно селектирани производи кои се одликуваат со здрави состојки и проверен квалитет, стои во соопштението.

Овој успех се должи на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.

Бангладеш е една од најпопуларните туристички дестинации во Јужна Азија, земјата излегува на Бенгалскиот Залив. Населението е претежно муслиманско, а главниот град Дака е најголем економски и финансиски центар во Југоисточна Азија.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија којашто е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија.  Иновативна компанија, којашто ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.