Производите на Витаминка на саемот за храна во Солун

27

vitaminka 1

Целосната производна програма на Витаминка, кекси, чоколадна програма, флипсови, пудинзи и додатоци за храна беа изложени на Меѓународниот саем за храна Артозима, во Солун. Значењето на овој саем лежи во неговата цел – да одговори на растечката потреба од воспоставување на канали за соработка меѓу компаниите од соседните земји низ целиот Балкан.

„Иако Витаминка како производител на широко портфолио е веќе позната и присутна во соседна Грција и голем дел од балканските земји, сепак учеството на саемот ни понуди и отвори уште многу можности за зголемување на нашите пазари и широка распространетост на нашите производи. Овој саем е еден од ретките кои покрај производителите излагачи, по принципот на претходно договорени состаноци и презентации, го обезбедува присуството и на стотици трговци и сопственици на малопродажни ланци скоро од цела Европа, па дури и од Кина и Кореа. Тоа се непроценливи деловни контакти и бизнис соработка за сите компании присутни на Артозима“, изјави Љупчо Велески, директор на секторот за извоз на Витаминка, која за прв пат годинава учествува на овој саем.

vitaminka 2

Артозима саемот оваа година се одржа првпат по пауза од шест години и неговото враќање е токму одговор на потребата на балканските компании за поврзување и развивање на соработка со компании од централно – европските земји. Во прилог на тоа, саемот беше дополнет со многу содржини организирани во соработка со значајни меѓународни организации со цел привлекување на посетители надвор од Грција, градење партнерство и деловни контакти.