Производител на автомобили подготвува нов круг отпуштања: Сè уште не се знае колку работници ќе останат без работа

54

Во наредните недели се подготвува уште една рунда отпуштања во американската компанија Форд, пренесува Fox Business.

Според Волстрит журнал, отпуштањата ќе бидат претежно меѓу работниците во Америка.

Овој потег на производителот на автомобили е дел од континуираните напори за рационализирање на операциите и намалување на трошоците.

Отпуштањата ќе бидат објавени веќе следната недела, изјави упатено лице во врска со ова прашање.

Засега не може да се прецизира бројот на работници кои ќе бидат засегнати со оваа одлука.

Да потсетиме, во август компанијата отпушти околу 3.000 работници, а на почетокот на годинава најавија намалување на нивната работна сила во Европа за 3.800 вработени.

Портпаролот на компанијата рече дека нема што да соопшти.

– Како што рековме, дел од тековното управување со нашиот бизнис вклучува усогласување на нашиот глобален персонал за исполнување на деловните планови и одржување на конкурентноста на трошоците додека нашата индустрија се развива. Во исто време, продолжуваме да вработуваме во клучни области за да ги имаме потребните вештини и експертиза за да го испорачаме Ford+планот и водечките производи и услуги .