Производители на автомобили ја тужат американската влада

41

Водечките производители на автомобили, вклучително и Mercedes-Benz и Tesla, поднесоа тужба против владата во Вашингтон во врска со царините за увоз на делови од Кина, пренесува Seebiz.

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla е последниот во низата компании кои се противат на царинските давачки и бараат враќање на средствата.

САД воведоа тарифи за увоз на стоки и услуги од Кина, што укажува на огромна нерамнотежа во билансот на надворешната трговија. Кина возврати и двете водечки светски економии започнаа трговска војна што ги опфати технолошките компании.

Медиумите, во меѓувреме, објавија дека производителите на автомобили изминативе денови поднеле низа тужби пред Судот за меѓународна трговија, со седиште во Њујорк.

Mercedes го обвинува Вашингтон за “невидена и неограничена трговска војна, која влијае на увозот од Народна Република Кина во вредност од над 500 милијарди долари“.

Тужби исто така поднесоа и Ford  и Volvo.

Фото: Pixabay