Производителите на автомобили најголеми извозници во Турција

20

proizvodstvo-na-koli-pixabay

Фото: Pixabay

Производители на автомобили ги заземаат првите три места на листата најголеми извозници во Турција, пишува Хуријет.

На врвот на листата е Ford Otosan, заедничка инвестиција меѓу Ford Motors и турски Koç Holding, со четири милијарди долари извоз во текот на минатата година.

На листата, на којашто се најдоа 1.000 топ извозни компании во Турција, второто место го зазема фабриката Tofaş, заедничка инвестиција на Fiat и Koç Holding. Вредноста на извозот на оваа компанија достигна 3,2 милијарди долари во 2016 година.

Oyak – Renault, инвестиција на Oyak и францускиот производител на автомобили Renault, е трет најголем извозник во Турција со 2,8 милијарди долари.

Автомобилскиот сектор во Турција зафаќа повеќе од 27% од вкупниот извоз во земјата.