Производствените цени во индустријата пораснаа за 4,5% на годишно и 0,6% на месечно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2026 година забележаа зголемување од 0,6 проценти во споредба со претходниот месец, додека на годишно ниво (во однос на септември 2025 година) е евидентиран раст од 4,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите  Енергија за 1.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %.

Во септември 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.5 %.
Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 9.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија 3.6  %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2026 година се зголемени:

  • за 0.6 % во однос на претходниот месец и
  • за 4.5 % во однос на истиот месец од претходната година