ПроКредит Банка го проширува Сетот на банкарски услуги за физички лица

13

ПроКредит Банка го проширува Сетот на банкарски услуги за своите корисници. Како што се наведува во соопштението истиот вклучува:

– Трансакциска сметка во МКД и ЕУР

– MasterCard Debit – eдна универзална картичка за сите потреби со којашто корисникот добива 3 бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на сите банки во земјата, бесплатно и неограничено користење на Зона 24/7, 3Д безбедносен код за интернет трансакции, достава на картичките на рака, на било кое место и активирање на сите Master Card банкомати во земјата.

– Електронско и мобилно банкарство со можност за плаќање
– Неограничен број на бесплатни денарски плаќања во домашен платен промет преку е-банкарство (КИБС плаќања)
– СМС порака за сите трансакции и приливи на сметката
– Фиксни провизии од само 2,5€ за меѓународни плаќања во рамки на ПроКредит Групацијата
-Tрајни налози за вообичаени плаќања без никаков надоместок
– Флекс заштеда – Штедна сметка за флексибилно штедење и пристап до истата 24/7

Проширениот Сет на банкарски услуги е достапен за месечна провизија од 300 ден.