ПроКредит Банка избира нај ПРОактивни земјоделци

24

prokreditПроКредит Банка го отвори аплицирањето за избор на нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство.

Во изборот можат да учествуваат сите регистрирани земјоделци во државата чија примарна дејност им е земјоделие и кои ги исполнуваат следните критериуми – во категорија житни култури: површини над 150 декари, во категорија овоштарство: површини над 30 декари, во категорија градинарство на отворено: површини над 15 декари, градинарство во оранжерии површини над 5 декари, во категорија сточарство: поседување на најмалку 15 грла додека за категорија овчарство најмалку 300 грла, во категорија органско производство: поседување на сертификат за органско производство.
Врз основа на критериумите ќе се изберат нај проактивните земјоделци во секоја категорија и ќе бидат наградени со наменски вредносен ваучер од 150.000 денари.
Изборот ќе се врши од стручна жири комисија составена од претставник од Банката, претставник од Земјоделскиот факултет и претставник од Федерација на фармери врз основа на следните критериуми: колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос на производство по декар, степенот на користење на обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на своите финансии и колку континуирано инвестира во подобрување на производството и зголемување на ефикасноста во работењето.
Аплицирањето трае од 20 јули до 20 август, а победниците ќе бидат истакнати во текот на септември.