ПроКредит Банка ќе работи во нова енергетски ефикасна Централна управа

26

10f74a61-cd1d-455b-989f-263168e0e121

ПроКредит Банка отсега ќе работи во нова енергетски ефикасна Централна управа во населба Карпош. Општествената одговорноста и еко стратегијата за заштита на животната средина се основни принципи на политиката на работење на банката и може да се прикажат преку нивната нова градба која зрачи елегантност и естетика. Новата Централа претставува енергетски ефикасно решение и е уникатна и единствена од овој вид во Македонија. Банката произведува електрична енергија за свои потреби преку фотоволтаични панели инсталирани на покривот и објектот има многу мало негативно влијание врз животната средина.

Свеченото отворање на Централната управа на ПроКредит Банка е организирано на 13 мај 2016 година, петок, во дворот на зградата. Настанот е од отворен карактер, со почеток од 19.00 часот. Ќе биде обележан со презентации за енергетски ефикасните инсталации на зградата, говори на највисоките претставници од банката, гувернерот и Амбасадорот на Р. Германија во Македонија и со спектакуларен музички огномет.