ПроКредит Банка со нова електронска услуга за клиентите: Eлектронско потпишување на договори

74

pro kredit makedonija

ПроКредит Банка започна со електронско потпишување на договори за бизнис клиентите кои во банката користат рамковен договор кој опфаќа користење на сите кредитини услуги од банката.

Со оваа новина, договорите за кредит, акредитив, гаранција, кредитна линија или краткорочно користење на средства клиентите ќе можат да ги потпишат од нивната канцеларија.

“Очекуваме оваа новина значително да го забрза и поедностави начинот на работа со клиентите. На клиентот еднократно му се одобрува рамковниот договор, а потоа секоја услуга ја потпишува електронски и на тој начин ја остварува комуникацијата со банката’’, изјави Стевче Кузмановски, директор на секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит Банка.

Со додавање на оваа услуга ПроКредит Банка овозможи чекор плус во поедноставен пристап до финансиските услуги од банката. Клиентите електронски ги потпишуваат договорите, ги добиваат средствата на својата сметка побрзо, а сите плаќања можат да ги извршуваат преку системот за електронско банкарство.