ПроКредит Банка со подобрени услови за активно штедење

25

prokreditНовите подобрени услови за штедење што ги воведува ПроКредит Банка вклучуваат зголемени каматните стапки за штедење по видување во денари, и можност за достапност на заштедата на банкоматите, преку штедната сметка на дебитната картичка на клиентот.

Исто така од банката информираат дека отсега клиентите ќе можат самостојно да префрлаат средства од трансакциска на штедната сметка преку електронско банкарство.

“Дел од мисијата на ПроКредит Банка е градење на култура на штедење и зајакнување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор. Целта е да ги стимулираме граѓаните да штедат во банка, на практичен и поволен начин преку атрактивни услови,” изјави Горан Хаџипетров, Директор на Дивизијата за физички лица.

ПроКредит Банка како Банка со доминантен Германски капитал и дел ПроКредит Групацијата која брои 21 финансиска институција ширум светот, традиционално ја промовира културата на штедење и во иднина ќе продолжи да ги унапредува услугите за граѓаните.