ПроКредит Банка започна акција за намалување на употребата на пластични кеси

22

prokredit1

‘’РАЗМИСЛИ ОДГОВОРНО за штетата што ни ја прават пластичните кеси’’ е пораката што ПроКредит Банка ја испраќа до сите граѓани со акцијата за намалување на употребата на пластичните кеси. Целта на ПроКредит Банка со оваа акција е да ја подигне свеста за негативното влијание на пластичните кеси кои завршуваат во животната средина, да поттикне замена на пластичната кеса со алтернатива која помалку загадува, а со тоа и да придонесе за почиста и поздрава животна средина. За таа цел во рамки на кампањата ПроКредит на граѓаните ќе им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производство со минимален ефект на животната средина.

‘’Ние во ПроКредит сме скромни и свесни дека не можеме да го промениме светот, но сме сигурни дека можеме да обезбедиме добри примери со преземање на директни иницијативи. Заедно со секој кој ќе одлучи да ја замени пластична кеса со модерна и реупотреблива алтернатива, даваме активен придонес за намалување на количината на пластични кеси насекаде околу нас – водата, почвата, воздухот. Помалку пластични кеси значи почиста животна средина, поздрави земјоделски производи, подобро здравје за секој од нас’’, велат од ПроКредит Банка за ваквата иницијатива.

prokredi2

Пластичните кеси се втор најзастапен отпад во животната средина после отпушоците од цигари. Само во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот отпад тешко се управува, најчество завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеса трајно ги уништуваат природните ресурси.

Секој граѓанин може да тргне од сопствените навики. ПроКредит Групација со оваа порака делува во 11 земји каде што активно работи и придонесува со своите стандарди за заштита на животната средина.