ПроКредит Банките од Македонија и Србија со поддршка на локалните бизниси

24

prokredit 1

Минатата недела во Ниш, Србија, се одржа третата регионална средба помеѓу бизниси од Македонија и Србија. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од Македонија и Србија за поддршка на локалните бизниси.

На истиот присуствуваа околу 60 мали и средни претпријатија од двете земји кои се занимаваат со производство, преработка на прехранбени производи, но и комплементарни бизниси како супермаркети, производители на амбалажа за пакување, производители на  машини за пакување и сл.

Преку оваа средба ПроКредит Банките од Македонија и Србија им дадоа на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред потенцијалните бизнис партнери од регионот.

На настанот имаше и изложба на која присутните бизниси имаа простор да претстават дел од својата палета на прозиводи, да постават каталози и поделат визит карти на потенцијалните соработници.

ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финансиска поддршка,  инвестира во нивна промоција и развој. ПроКредит Банка ќе продолжи да организира вакви настани за поврзување на своите бизнис клиентите со соодветни партнери од сестринските банки од Балканот и Источна Европа.

prokredit 2