Промена на шефот на германскиот финансиски регулатор поради Wirecard

30

Феликс Хафилд, шеф на германската агенција за финансиски надзор, BaFin, ќе ја напушти челната функција откако се најде под притисок поради тоа што не ги воочил малверзациите во Wirecard.

“Скандалот со Wirecard покажува дека на германската супервизија ѝ е неопходна реорганизација“, се наведува во соопштението на германското министерство за финансии, пренесува Ројтерс.

Министерството додаде дека одлуката за замена на Хафилд е спогодбена и дека им претходат резултати од анализи на министерството за реструктуирање на агенцијата што ќе бидат претставени следната недела.

Не се знае кој ќе застане на челната позиција на германскиот регулатор.

Фото: Freepik