Променливо облачно време со дожд и температура до 30 степени

17

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне се очекува локален дожд, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, на места обилен, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурите ќе се движат од 20 до 30 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 28 степени.