Промет во трговија на мало во ноември

33

 

kolicka-pixabay

Фото: Pixabay

Во трговијата на мало, во ноември 2017 година, во споредба со истиот период лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,8%, а реално за 3,5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 10,3%, а реално за 4,2%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 6,3%, а реално за 4,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 1,2%, а реално за 2,5%).