Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 12,7%, а реално за 13,7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15,1%, а реално за 15,9%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14,1%, а реално за 14,6%).













