Промет во трговијата на мало во јануари

5

korpa-so-ovosje-i-zelencuk-pexels

Фото: Pexels

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,7%, а реално за 7,1%), Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 12,8%, а реално за 1,1%).

Намалување на прометот е забележано во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,3%, а реално за 7%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 1,4%, а реално за 1,3%).