Прометот на берза “потона“ за над 36%

46

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 30-ти ноември до четврти декември, достигна вредност од 582.441 евро или 36,25% помалку во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Пад од 37,23% има кај вкупниот број на трансакции (177), додека вредноста на индексот МБИ 10 се намали за 0,56% и достигна 4.481,14 поени на четврти овој месец.

Пазарната капитализација во текот на минатата трговска недела беше 3.347.218.867 евра, односно 0,40% помалку во однос на една недела претходно. На четврти овој месец пазарната капитализација достигна 1.838.824.676 евра или 2,60% повеќе во според со истиот период минатиот месец.

Пет најтргувани акции, од 30-ти ноември до четврти декември, се оние на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Витаминка од Прилеп и Гранит.

Фото: Freepik