Прометот на берза се “лизна“ за над 31% во јули

48

Прометот на Македонска берза во текот на јули достигна ниво од 1.067.030.168 денари или 31,14% помалку во споредба со еден месец претходно, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Пазарната капитализација минатиот месец се позиционираше на 202.874.079.491 денар или 0,55% повеќе во споредба со јуни.

Пад од 6,45% има кај вкупниот број на трансакции што во јули достигна бројка од 1.320. Индексот МБИ 10 се искачи на 5.423,14 поени, што е за 2,69% повеќе на месечно ниво.

Најголем дел од прометот отпаѓа на блок трансакциите (54,70%) со 24 трансакции чија вредност достигна 9,4 милиони евра. Потоа следи официјалниот пазар со 1.289 трансакции, промет од 7,8 милиони евра и 45,18% учество во вкупниот промет на берзата во јули. Најмал удел има редовниот пазар со учество од 0,11% во вкупниот промет, реализирани се 24 трансакции со вредност од 9,4 милиони евра.

Фото: Pixabay