Прометот на берза во март скокна за над 250%

118

Прометот на Македонска берза во текот на март оваа година се позиционираше на 2.785.792.356 денари, што е за 250,23% повеќе во споредба со претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен.

Пазарната капитализација беше 156.398.219.528 денари, односно 15,65% помалку во споредба со февруари. Вкупниот број на трансакции реализирани преку Берзата достигна ниво од 4.828 или 98,11% раст во однос на претходниот месец.

Пад од 22,47% има кај индексот МБИ 10, којшто го заврши месецот на 3.623,23 поени.

На официјалниот пазар, најтргувани беа акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Макпетрол и Гранит.

Најголем пораст забележаа акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово со 9,09% и Реплек со 3,09%. Најголем пад имаа акциите на: Окта (-31,58%), Макпетрол (-30,46%), ТТК Банка (-28,81%), Фершпед (-27,76%) и Гранит (26,02%).

Фото: Pixabay