Прометот на берзата оваа недела “скокна“ за над 218%

45

Прометот на Македонска берза, во периодот од 11-ти до 15-ти мај, достигна ниво од 3.223.765 евра или скок од 218,23% во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед.

Пораст од 13,79% има кај вкупниот број на трансакции (396), додека кај пазарната капитализација, што достигна вредност од 3.204.147.035 евра има намалување од 0,52%. Пазарната капитализација на 15-ти овој месец беше 1.790.766.184 евра или 7,89% повеќе во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.322,77 поени или 0,84% помалку во однос на една недела претходно.

Фото: Pixabay