Прометот на берзата во декември со пораст од над 164%

27

makedonska berza

Македонската берза во декември оствари промет од 732.152.436 денари, што во споредба со претходниот месец е пораст од 164,04%, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен, објавен на страницата на Берза.

Во истиот месец, на Берза се реализирани 989 трансакции, што претставува пад од 34,24%. Пад од 0,61% е забележан кај индексот МБИ 10, што изнесува 1.844,20 поени.

Најтргувани акции на официјалниот пазар се оние на Комерцијална банка со 112 трансакции, а потоа следат хартиите од вредност на Алкалоид со 146 и на Македонски телеком со 61 трансакција.

Акциите на Макошпред забележаа најголем пораст на вредноста во декември и тоа за 17,86%, потоа следат хартиите од вредност на Адинг со скок од 17,05% и на трето место акциите на Хотели Метропол Охрид со пораст од 12,40%.

Најголем пад на вредноста на акциите има кај Винарска визба Тиквеш со 29,67% во минус. Следуваат хартиите од вредност на Оранжерии Хамзали Струмица со намалување од 23% и веднаш зад нив акциите на Бетон со пад од 20,70%.