Прометот на берзата во март порасна за над 232%

21

Фото: Pixabay

Прометот на Македонска берза во текот на март се позиционираше на 995.462.412 денари, што е за 232,30% повеќе во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен.

Скок од 10,05% има кај бројот на трансакции (1.396), додека кај пазарната капитализација е забележан пад од 1,80% во однос на претходниот месец. Индексот МБИ 10 достигна 3.664,66 поени, што е за 0,30% повеќе во споредба со февруари.

Топ пет најтргувани акции на официјалниот пазар во март се: Комерцијална банка (35,81% учество во прометот), Алкалоид (18,08% од прометот во март), Макпетрол (12,01%), Стопанска банка (4,29%) и НЛБ Банка (4,04%).

Акции со најголем пораст во март беа: Уготур (20%), Транскоп Патнички сообраќај Битола (20%), Европа (5,58%), Аутомакедонија (5,56%) и Пекабеско (4,96%).

Од друга страна, акции со најголемо опаѓање се: Фустеларко Борец (-28,57%), Арцелормиттал Скопје ХРМ (-14,29%), Стопанска банка приоритетни акции (-12,53%), Окта (-12,06%) и Благој Ѓорев (-11,11%).