Прометот на Македонска берза со скок од над 44% во февруари

20

promet-na-berza-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот на Македонска берза во текот на февруари достигна вредност од 401.956.529 денари, што е за 44,12% повеќе во споредба со претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Берзата.

Пораст од 2,78% има кај пазарната капитализација, којашто во февруари се позиционираше на 124.695.121.830 денари. Вкупниот број на трансакции достигна 1.289, што е за 5,08% помалку во однос на јануари. Индексот МБИ 10 беше на ниво од 2.296,91 поени или за 2,99% повеќе во споредба со претходниот месец.

Топ три најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се оние на: Комерцијална банка (31,6%), НЛБ Банка (21,14%) и Алкалоид (6,84%).

Најголем пораст на вредноста имаа акциите на: Оилко КДА (46,31%), Жито Лукс (27,39%) и оние на НЛБ Банка (16,25%). Од друга страна, најголемо опаѓање имаа хартиите од вредност на: Топлификација ( – 8,92%), Окта ( – 8,30%) и на Винарска визба Тиквеш ( – 6,52%).