Прометот на Македонска берза во мај со скок од над 140%

27

Фото: Pixabay

Прометот на Македонска берза во мај изнесуваше 1.105.508.170 денари, што во споредба со претходниот месец, забележа скок од 140,93%, покажува Месечниот статистички билтен.

Пазарната капитализација се позиционираше на 169.984.987.572 денари или 2,32% повеќе во однос на април оваа година. Пораст од 37,56% има кај бројот на трансакции, коишто во мај ги имаше вкупно 2.073. Индексот МБИ 10 во мај “заврши“ со 3.871,71 поени или 7,44% повеќе во однос на претходниот месец.

Топ пет најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се оние на: НЛБ Банка, Макпетрол, Алкалоид, Гранит и Комерцијална банка.

Најголем пораст на официјалниот пазар на берзата во мај имаа хартиите од вредност на: Карпош Скопје (177,78%), Арцелормиттал Скопје ХРМ Скопје (29,41%), Факом (20%), Фустеларко Борец (20%) и Макпетрол (19,85%).

Од друга страна, како “губитници“ се најдоа: Агромеханика (-82,14%), Пекабеско (32,43%), РЖ Интер Трансшпед (-20%), РЖ Институт (-17,89%) и ТТК Банка (-5,81%).