Прометот во индустријата намален за над 20% во март

28

Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 20,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,2%, Капитални производи за 31,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87,1, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 97,4.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 102,7.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 30,3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26,2%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 119,, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 103,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 73,9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24,2%, Капитални производи за 32%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 79,5, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 95,7.

Фото: Pixabay