Прометот во индустријата поголем за 7,2% во мај

28

Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2015, во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 9,8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст од 13,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7%.

Според главните индустриски групи, прометот во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 309,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 19,7%, Капитални производи за 4,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9%.

Прометот во индустријата во мај 2015 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 2,3%, додека во периодот јануари – мај 2015 година, во однос на периодот јануари – мај 2014 година, порастот е од 8,3%.