Прометот во индустријата со пораст од 9,5%

39

Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,6%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,8%.

Прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај оваа година, во однос на мај 2013 година, бележи опаѓање од 28,4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12%.

Според главните индустриски групи, прометот во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст кај Капитални производи за 32,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Прометот во индустријата во мај 2014 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст од 0,9%, додека во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период лани порастот бил 9,9%.