Прометот во индустријата за 12,6% понизок во ноември

38

Прометот во индустријата, во ноември оваа година, е за 12,6% понизок во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5% и Капитални производи за 1,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,9%.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2020 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 94,7, додека во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 90,9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 93,1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст кај Капитални производи за 19,5%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 24% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2020 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 95,9, додека во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 96,2.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 98,6.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4% и Капитални производи за 1,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 21,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2020 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 94,1, додека во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 89,6.

Фото: Freepik