Прометот во индустријата зголемен за 13,5 отсто

28

Прометот во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е зголемен за 13,5 отсто, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од 3,9 отсто, а во декември 2022 година во однос на ноември 2022 година е намален за 19,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари во периодот јануари – декември 2022 година е зголемен за 14,2 отсто во однос на периодот јануари – декември 2021 година, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од еден процент, додека во декември 2022 во однос на ноември 2022 година е намален за 27,5 отсто.

На домашниот пазар, пак, прометот во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 е зголемен за 10,2 отсто, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од 7,9 отсто, а во декември 2022 во однос на ноември 2022 пораснал за 11,8 проценти.

Вкупниот промет во индустријата во декември 2022 година во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,2, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 процент.