Прометот во трговијата на големо по производи во 2013 година изнесува 147.241.830.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Статистика покажува дека прометот во трговијата на мало по производи, во истиот период изнесува 125.173.188.000 денари.
По групи на производи, најголем промет од 37,1% е остварен во групата Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи, потоа во групата Трговија на големо со фармацевтски производи со 12,1%, во групата Трговија на големо со шеќер, чоколада и зашеќерени производи со 3,1%.
Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај следниве производи: гасни масла, пури, цигарилоси, цигари од тутун и замена за тутун, делови и прибор за друмски моторни возила, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво итн.